Навални е во стабилна здравствена состојба

пред 3 години

Здравствената состојба на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во затвор, е стабилна и задоволителна, објави агенцијата „Интерфакс“ откако неговите соработници изразија загриженост за неговото здравје.

На Навални му е извршен лекарски преглед во казнено-поправниот дом во Владимирскиот регион, а неговата општа здравствена состојба е добра, објави регионалниот огранок на Руската федерална казнена служба, пренесува ТАСС.

Пријателите на Навални вчера рекоа дека се загрижени за влошувањето на неговата здравствена состојба, а на неговите адвокати не им беше дозволено да го посетат во затворот.

Share
Scroll to Top