Петнаесет години од првиот твит, порака вредна 2,5 милиони долари

пред 3 години

Поминаа точно 15 години откако директорот на „Твитер“, Џек Дорси, ја напиша и ја објави првата порака на таа социјална мрежа на 21 март 2006 година.

„Отворив сметка на ‘Твитер’“ – беше првата порака на „Твитер“, кој сега има повеќе од 190 милиони корисници. Особено е популарен кај политичарите, експертите од различни области и новинарите.

„Твитер“, со седиште во Сан Франциско, стана клучен играч „на теренот“ на социјалните мрежи за 15 години постоење, но исто така предизвика и доста и контроверзии.

Социјалната мрежа ги изненади своите корисници во јануари со откажување на сметката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, за кого беше главна алатка за комуникација со оние што го поддржуваат.

Дорси понуди да ја продаде првата порака на „Твитер“ на почетокот на март, преку интернет-страницата „Valuables“.

Да се ​​купи порака значи да се добие „дигитален сертификат за твит, уникатно по тоа што авторот го потпишал и потврдил“, се наведува на интернет-страницата за купување, додавајќи дека тоа е како да продавате автограм.
За таа порака беа понудени околу 2,5 милиони долари.

Share
Scroll to Top