Трамп под истрага поради телефонски разговор

пред 3 години

Oдборот за избори на американската сојузна држава Џорџија започна истрага против Доналд Трамп поради телефонскиот разговор на поранешниот претседател на САД, во кој тој вршел притисок врз службените лица да ги свртат резултатите од изборите,  на кои победи неговиот противкандидат Џозеф Бајден.

Истрагата е покрената откако професорот по право поднел официјална жалба обвинувајќи го Трамп за кршење на законот. Тоа е прва официјална истрага за телефонските разговори во кои Трамп побарал помош од високи официјални лица во Џорџија во обид да ги сврти резултатите од изборите, пренесува „Еј-би-си њуз“.

Валтер Џонс, портпарол на државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер, потврди дека е покрената истрага.

Рафенспергер, најголемиот републикански изборен претставник во Џорџија, на почетокот на јануари рече дека под притисок на Белата куќа и, спротивно на неговата определба, го прифатил телефонскиот повик на Доналд Трамп во кој претседателот барал поништување на неговиот изборен пораз во таа американска држава.

Трамп побара од Рафенспергер да најде доволно гласови за изборните службеници за поништување на победата на Бајден во таа земја.

Тоа е еден од најмалку трите телефонски повици, одржани во текот на месецот од почетокот на декември до почетокот на јануари, во кој Трамп побарал помош од високи официјални лица во обид да ги врати изборите,при што секој пат  бил одбиен.

Share
Scroll to Top