(Видео) Макрон пристигна во Москва на средба со Путин

пред 2 години

Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во Москва, каде ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Двајцата претседатели треба да разговараат за украинската криза.

Макрон изрази умерен оптимизам пред разговорите со Путин.

„ Јас сум доста оптимист, но не верувам во чуда“, изјави Макрон пред новинарите веднаш по слетувањето во руската престолнина.

Тензиите во Европа поради ситуацијата околу Украина и безбедносните гаранции ќе доминираат како теми на денешната средба меѓу Путин и Макрон, изјави претходно денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков за новинарите изјави дека посетата е многу важна и потсети дека и претходеле неколку телефонски разговори меѓу двајцата претседатели. Тој додаде дека поради тоа Кремљ очекува долг и смислен разговор, но не очекува одлучувачки промени по таа средба, бидејќи, како што рече, ситуацијата е премногу комплицирана.

Како што беше најавено претходно, францускиот претседател утре ќе престојува во работна посета на Украина.

Share
Scroll to Top