Русите влегоа во украинскиот град Кремина – започнаа улични борби, невозможна е евакуација

пред 2 години

Руските сили влегоа во Кремина, град во источниот регион Луганск кој е бомбардиран со недели, а руските сили продолжија да напредуваат кон западниот дел на Донбас, изјави висок украински функционер, пренесе Си-Ен-Ен.

„Русите влегоа во Кремин. Започнаа улични борби. Русите влегоа во градот со огромна количина на воена опрема“, рече Серхи Хаидаи, шеф на регионалната воена управа на Луганск, во кусата објава на Фејсбук рано во понеделникот. „Офанзивата започна“, додаде тој.

Русите се обидуваат да го скршат украинскиот отпор во Кремина и низа градови во Луганск и се обидуваат да напредуваат кон границите на регионите Луганск и Доњецк – што е целта на „специјалната воена мисија“ на претседателот Владимир Путин, а евакуацијата е сега е невозможна, рече Хаидаи.

„Планиравме евакуација, буквално по шумски патеки, за луѓето да се спасат. Но, преку ноќ ситуацијата се промени. Борбите почнаа во градот, нереално е да се пребројуваат цивилите кои останаа таму“, рече Хајдаи и додаде дека спортскиот објект Олимп во Кремина „гори“ и дека пожарот сега зафаќа површина од 2.400 квадратни метри, пренесе Си-Ен-Ен.

„Спасувачите работат напорно бидејќи во близина на центарот има шума“, рече тој. Хаидаи рече дека во другите делови на регионот две лица загинале, а четворица се повредени, додека седум лица биле извлечени од урнатините на зградата урната во Рубижне.

Руските сили пукаа во полициска зграда во Лисичанск во неделата вечерта, рече Хаидаи, при што беа ранети шест полицајци. Гранатирањето продолжува“, рече тој.

Share
Scroll to Top