Почина српскиот патријарх Иринеј

пред 3 години

Почина патријархот на Српската православна црква Иринеј. Според српските медиуми, здравствената состојба на патријархот се влошила вчера. Тој беше тестиран позитивен на коронавирусот на 4 ноември, а веќе следниот ден беше хоспитализиран.

Патријархот вчера беше во исклучително тешка состојба и беше поврзан со уредите за одржување на работата на виталните органи. Српската православна црква во четвртокот на својата веб-страница објави дека состојбата на патријархот на Српската православна црква е влошена и дека покрај другите, за неговото здравје се грижат и руски лекари.

Досега имаше неколку информации во врска со здравствената состојба на патријархот, една од нив беше дека неговата состојба е влошена, а потоа, беше објавена информација дека неговата состојба се стабилизирала. Сепак, ситуацијата се променила, паднало нивото на кислород во крвта на патријархот, по што неговата состојба се влошила.

Српскиот патријарх имаше 90 години.

Иринеј заврши во болница четири дена откако го предводеше погребот на црногорскиот митрополит Амфилохие (83) во Црна Гора. Амфилохие почина на 30 октомври како последица на Ковид-19.

Share
Scroll to Top