Министрите на НАТО: Ја повикуваме Русија да го избере патот на дипломатијата

пред 2 години

Министрите за одбрана на НАТО денеска по состанокот во Брисел изјавија дека се сериозно загрижени поради „големото, неиспровоцирано и неоправдано“ акумулирање на руската армија, како што изјавија „во и околу Украина и Белорусија“.

„Ја повикуваме Русија, што е можно посилно, да го избере патот на дипломатијата и веднаш да ја смени акумулацијата на армијата и да ги повлече своите сили од Украина во согласност со нејзините меѓународни обврски“, се вели во заедничката изјава на министрите на Алијансата.

Министрите за одбрана на НАТО велат дека остануваат посветени на „двојниот пристап кон Русија“ што се рефлектира во силно одвраќање и одбрана, во комбинација со отвореност за дијалог.

Share
Scroll to Top