Голманот на германскиот третолигаш Инголштад, Фабија Бунтиќ, со погодокот во 93. минута од продолжението, придонесе за победата на својот тим против Викторија од Келн.
Гостите водеа со 1:0 до 93. минута. Најпрво Бунитиќ изедначи за 1:1, а победата на домашниот тим му ја донесе Жинола Елва, што предизвика големо слајве на домашните навивачи и фудбалери на теренот.
Фабијан Бунтиќ е 23 годишен голман роден во Штутгард, кој има двојно државјанство, хрватско и германско. Кариерата ја започнал во младинските селекции на Штутгард, а од 2016 година е во Инголштад.