„Црвена јабука“ во Скопје, концерт на култниот бенд затоа што „тамо где љубав почиње“ е песна на екс-ју генерациите

„Црвена јабука“ во Скопје, концерт на култниот бенд затоа што „тамо где љубав почиње“ е песна на екс-ју генерациите

пред 1 година





Познатиот екс-ју бенд „Црвена Јабука“ ќе имаат интемен концерт во Македонската филхармонија во Скопје. По продадените 18.000 влезници во Загребачката арена и три концерти во МТС двораната во Белград, Жера и пријателите на 25-ти март ги носат сите хитови во Скопје.

„После толку, по ,нашки кажано, ,битисување и уживање во Сараево изминатава година ипол, дојде време нешто што се вика Sarajevo’s finest конечно да се почувствува во Скопје, во склоп на 30 години постоење на Авалон Продукција. А, „Црвена Јабука“ тој епитет многу гордо го носи со своите песни. Јабука е еден од ретките бендови кои реално и добро плива сиве овие години, во комбинација со нивните стари и култни евергрини и конзистентни и успешни нови албуми и синглови“, рекола организаторите Авалон продукција.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда, 1-ви март, онлајн на avalon.mk и ширум продажната мрежа на Авалон низ Македонија по следните цени и категории, партер 1 – 1.000 денари, партер 2 – 1.200 денари, ВИП – само 148 влезници – 1.500 денари.





Share
Scroll to Top