МТВ да го замоли Калински да коментира Европско: фановите го бараат омилениот коментатор за сите генерации

МТВ да го замоли Калински да коментира Европско: фановите го бараат омилениот коментатор за сите генерации

пред 3 години

Откако пред четири години замина во пензија, фановите повторно го бараат назад коментаторот Златко Калински, да се врати во Македонската телевизија како специјален гостин и да го коментира Европското првенство на кое за првпат ќе игра Македонија.

Иницијативата се појави на „Фејсбук“ страната „Спортска Македонија“. Калински има коментирано преку 2.100 преноси во разни спортови на Македонската телевизија, а најмногу ќе остане во сеќавање со дуелот од Лига на Шампиони меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, во 2017 година.

Некои од фановите, покрај Калински, сакаат да го слушаат заедно како коментира со Тони и Панчев како ко-коментатор. Други ги предложија и Зоран Михајлов и Атанас Костовски.

„Дај боже да се врати. Од 7 до 77, сите генерации за Калински, не треба иницијатива, туку МТВ да го замоли да биде специјален гостин на историското Европско. Маестро Златко. Калински да го предава Европското. Ако треба од пензија хонорарно плаќање и да го коментира. Човекот е заслужен. Зоран Михајлов и Атанас Костовски ги заборавивте“, биле само дел од коментарите на фановите.


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top