„Волците“ и „лисиците“ без заби – Вулверхемптон и Лестер во разочарувачко реми без голови

„Волците“ и „лисиците“ без заби – Вулверхемптон и Лестер во разочарувачко реми без голови

пред 4 години

Вулверхемптон и Лестер одиграа разочарувачко реми без голови (0:0) на „Молињу“, во кое посебно очајно беше првото полувреме без поизгледни шанси за двата тима.

На „лисиците“ на Брендан Роџерс, дефинитивно им беа потребни три поени во борбата за што е можно повисок пласман на табелата, но и овој резултат ги остава на третото место со 43 поени, два зад Манчестер јунајтед и четири зад Манчестер сити (но со два натпревари повеќе), додека имаат три поени пред Ливерпул на четвртото место.

„Волците“ пак, се на 14. место на табелата со 27 поени.

Share
Scroll to Top