Од Google истакнуваат дека нивните мерења не служат во медицински цели, но можат да послужат како индиктаори дека нешто се случува во телото.
Поголем дел од корисниците на носечки уреди, како што се фитнес нараквици или паметни часовници ја следат својата здравствена состојба со овие уреди. Посебно ако се занимаваат со некои спортови, бидејќи таквите уреди можат да ги измерат срцевиот ритам, нивото на стрес, кислород во крвта, па дури и температурата или крвниот притисок. Но, што ако немате ниту еден од овие уреди и сепак сакате да водите сметка за вашето здравје?
Google разви апликација што ќе им го овозможи ова на сите корисници на паметни телефони. Како што објавија, од следниот месец, апликацијата Google Fit ќе биде достапна за корисниците на телефони Pixel, а потоа и за другите корисници на Android.
Апликацијата може да ги измери фрекфенцијата на дишење и отчукувањата на срцето со помош на предната односно „селфи“ камерата. Значи, доволно е да го потпрете телефонот на нешто, така што фокусот на камерата е главата и горниот дел од телото и да дишете нормално, а апликацијата ќе ја пресмета фреквенцијата на дишењето. За да го измерите пулсот, доволно е да го ставите прстот на задната камера.
Од Google истакнуваат дека нивните мерења не служат во медицински цели, но можат да послужат како индиктаори дека нешто се случува во телото.
Извор: Zimo.hr