Првиот град на МАРС до 2050 година – Живот во стаклени кугли

пред 4 години

Илон Маск и неговата компанија Space X полека стануваат иднина со презантациите за иднината на човештвото. Маск ја истражува вселената и верува дека човештвото ќе напредува најбрзо кога ќе открие многу од тајните на универзумот.

Тој неодамна го испрати првото приватно вселенско летало во вселената, а за неколку години планира и управуван лет кон Марс.

Илон вели дека до 2050 година, патувањето до Марс ќе биде толку совршено што тогаш веројатно ќе го имаме првиот меѓупланетарски град на соседната планета.

 

Сè уште не е откриено како ќе се постигне ова, но милијардерот уверува дека со ефтини ракети ќе може да пренесе голема количина работи што ќе му овозможат да изгради град што би бил изграден под воздушните комори, а подоцна атмосферата на Марс би била збогатена со кислород. така што луѓето би можеле да одат на оваа планета исто како и на Земјата.

Space X постигна многу во претходните години, затоа Маск верува дека за 30 години ќе го има првиот град на друга планета.