Во светот во моментов има 25.836.259 лица заразени со коронавирусот, а досега се регистрирани вкупно 106.712.241 случаи на зараза, според статистичкиот портал „Ворлдометар“.
Регистрирани се вкупно 80.875.982 случаи, закрепнале 78.401.924 лица, додека починале 2.327.942 лица. Меѓу активните случаи, 99,6 проценти имаат благи или умерени симптоми, односно не се опасни по живот.
Светската здравствена организација предупреди дека податоците за бројот на луѓе кои закрепнале не се точни бидејќи сите земји не испраќаат ажурирани списоци. Вкупно најмногу случаи се забележани во САД, потоа во Индија, Бразил, Русија, Велика Британија и Франција.