Во Хрватска 1.649 нови случаи на коронавирус, 36 лица починаа

пред 3 години

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 1.649 нови случаи на коронавирус, а 36 лица починаа.

Направени се 9.466 тестови. Бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 11.361.

Меѓу нив, 1.750 пациенти се во болница, од кои 160 се на апарати за дишење.

Во Загреб денес започна масовната вакцинација против коронавирусот.

Планирано е денес да бидат вакцинирани 1.500 лица, а биле поканети повеќе луѓе поради лошото искуство од вчерашната проба кога на повикот за вакцинација одговорија помалку од 60 лица наместо 300. Во наредните денови, бројот на луѓе кои ќе се вакцинираат дневно треба да се зголеми уште повеќе.

Share
Scroll to Top