Тетовското јавно обвинителство поведе истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
На 6 февруари, во семејниот дом во тетовското село Слатино, осомничениот држел 74,37 грама марихуана, спакувана во повеќе помали пакувања, скриени на различни локации во неговата соба.
По предлог на јавен обвинител за 31-годишниот осомничен, определена е мерка притвор во траење од 30 дена.