Над сто луѓе се загинати, а десетици се водат за исчезнати откако дел од глечер на Хималаите се откачил и погодил брана во Индија.
Според светските медиуми, засега седум тела биле извлечени од поплавите а премиерот на државата Утараканд, на северот од земјата, изјавил дека околу 125 лица се водат како исчезнати, пренесува „Ројтерс“.
Надлежните стражуваат дека бројката на загинати достигнала до 150. Голем дел од локалното население било проморано да се евакуира.
Сведоци на хаваријата велат дека гледале како ѕид од прашина, камења и вода, како лавина се урнал во реката. Велат дека се се случило многу брзо и немало време никој да биде информиран.
„Сè се случи многу брзо. Немаше време никој да биде известен. И јас помислив дека водата ќе ме однесе“, изјавил за „Ројтерс“ Санџај Синг Рана, кој живее во селото Раини.
Населението е исплашено дека луѓето кои работат на изградбата на блиската хидроцентрала загинале, како и луѓето од блиското село кои ја воделе стоката до реката.
„Немаме претстава колку луѓе навистина се исчезнати“, додал Рана.
На социјалните мрежи се појави и снимка, како водата носи делови од браната и сè што ќе и се најде пред неа.






