Николовски: Над 40.000 членови до денеска го ажурираа членството

пред 4 години

Генералниот секретар Љупчо Николовски, заедно со организациониот секретар на СДСМ, Душко Весковски, вечерва одржа состанок со градската организација на СДСМ, предводена од Александар Бајдевски, а на состанокот присуствуваше и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Се разговараше за процесот на ажурирање на членството, кој тече активно и треба да финишира со првите вантрепартиски непосредни избори за претседател на СДСМ, кои ќе се одржат на 21 март.

Генералниот секретар Николовски информира дека процесот на реевиденција на членството се одвива со одлично темпо, но и дека сè повеќе граѓани овој период се приклучуваат кон СДСМ.

„Последните информации покажуваат дека ажурирани се над 40.000 члена, а мотивира фактот дека многу нови членови се приклучуваат. СДСМ победува затоа што постојано се менува. Граѓаните даваат поддршка за СДСМ насекаде во државата и тука во Скопје и затоа семејството на СДСМ расте насекаде, затоа сме прва партија со функционални општински организации во секоја општина во државата“, истакна Николовски.

Оваа поддршка, додаде Николовски, е мотив плус да работиме уште повеќе одговорно и уште повеќе посветено во интерес на граѓаните и државата.

Share
Scroll to Top