Симеоне: Ремито е фер резултат

Симеоне: Ремито е фер резултат

пред 4 години

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, не бил незадоволен по нерешениот резултат со Селта (2:2). Атлетико, во 90.минута, остана без планираните три бода. Лидерот во Ла Лига, имаше негатива од еден гол, потоа со головите на Суарез направи предност, но во финишот останаа без победа.

„Видов многу позитивни работи. Како играа Лоди, Кодогбија, Треира во второто полувреме. За мене тоа е важно во пред наредните натпревари…“, рекол Симеоне, а потоа го коментирал натпреварот.

„Селта играше добро, имаше свои шанси. Мислам дека ремито е фер резултат. Ние не го заслуживме голот во првото полувреме, а тие не заслужија да постигнат гол во финишот, што значи дека сме на исто. Ремито е реален резултат“.

Симеоне, на овој меч не можеше да смета на шестмина фудбалери, кои се заразени со коронавирусот.

Share
Scroll to Top