Манчестер сити рутински стигнаа до 3:1 победа над второлигашот Свонси и се пласираа во четврт-финалето на ФА купот, останувајќи на добар пат за тројна англиска титула, бидејќи се лидери во Премиер лигата и го чекаат финалето од Карабао купот против Тотенхем, кое ќе се оддржи во април.
Кајл Вокер со малку среќа ги донесе Сити во водство во 30-тата минута, по што на почетокот на второто полувреме беше решено прашањето на победникот – Рахим Стерлинг во 47. минута и Габриел Жесус три минути подоцна донесоа 0:3 водство. Свонси намали на 1:3 во 77. минута преку Витејкер.