Филмското студио „Њу Лајн Синема“ годинава ќе сними нова верзија на филмот „Волшебникот од Оз“. Филмот работен по романот на Френк Баум од 1900 година, ќе го режира Никол Касел, која се прослави со хит серијата „Вочмен“.
Иако изминатите години беа снимени неколку филмови и серии за Дороти и земјата Оз, најпопуларен е мјузиклот со Џуди Гарланд од 1939 година. Од „Њу Лајн Синема“ велат дека новиот филм нема да е мјузикл, иако ќе бидат вклучени елементи од класиката со Џуди Гарланд.
„Почестена што ми е дадена одговорност одново да ја раскажам оваа легендарна приказна. Потребата да се истражат оригиналните теми, потрагата по храброст, љубов, мудрост и дом, изгледа посовремена и поитна од кога било“, рече Касел за американските медиуми.
Последната филмска верзија на „Волшебникот од Оз“ излезе во 2013 година, со Џејмс Франко и Мила Кунис во главните улоги, а приказната се случува 20 години пред настаните од филмот од 1939 година.