Божиќни филмови за целото семејство

Божиќни филмови за целото семејство

пред 3 години

Првата помисла на  Божиќ е време поминато во кругот на најблиските, домашна атмосфера, одмор, вкусна храна и шолја топол чај или греано вино.. Но празнците не би можеле да поминат и без авантурите на јунаците од божиќните филмови.  Ова се неколку интересни филмови кои ќе го задржат божиќниот дух и вниманието на целото семејство.

Поларен експрес

Интересен филм за момче кое не верува во Дедо Мраз, иако другите му велат дека тој навистина постои. Дали Дедо Мраз навистина постои?

 

Сам дома

Дали новогодишната еуфорија е целосна без овој филм? Празниците не се празници без овој култен филм. Погледнете ги авантурите на момчето чии родители го заборавиле дома.

 

Елф

Погледнете ја приказната за џуџето кое патува од Северниот Пол во потрага по вистинско семејство.

Кучето што го спаси божиќниот одмор

Семејството Банистер одлучило да ги помине празниците на преубава планина. Со оглед на тоа дека злобниците демнат на сите страни, нивниот семеен одмор може да се претвори во неволја. Погледнете како ова семејство си поминало на планина и како нивниот мал пријател Зевс им помага.

Кошмарот пред Божиќ

Познатата анимирана комедија ќе ги воодушеви вашите деца. Приказната е сместена во измислениот град чии жители одлучиле да ја прекинат монотонијата со новиот празник Божиќ. Погледнете ги авантурите на жителите од овој фиктивен град.

 

Како Гринч го украде Божиќ

Погледнете зошто жителите на градот Ху го отфрлиле Гринч и зошто тој се повлекол и почнал да живее во пештера.

Share
Scroll to Top