Вештачка интелигенција го создаде идеалниот фудбалер

Вештачка интелигенција го создаде идеалниот фудбалер

пред 1 година






Популарната алатка ЧатГПТ, за која многумина велат дека претсавува еден вид на вештачка интелигенција го создаде идеалниот фудбалер. Користеше делови од седум светски фудбалски ѕвезди.

Според ЧатГПТ, идеалниот фудбалер го сочинуваат фудбалерот на Барселона, Роберт Левандовски, кој има најдобар скок и игра со глава. Креативноста ја превзема од играчот и плејмејкер на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, а јачината и силата, на играчот на Интер, Ромелу Лукаку.

Брзината на најдобриот фудбалер е земана од фудбалерот на ПСЖ, Килијан М’бапе, а издржливоста на Н’голо Канте. Ударот со десна нога му припаѓа на Кристијано Роналдо, а со лева на Лионел Меси. Голем број фановите реагираа зошто во изборот го нема играчот на Манчестер Сити Ерлинг Халанд, кој според многумина, во моментов е играч број еден во светот.





Share
Scroll to Top