(Видео) Чешки пратеници се степаа додека расправаа за кризната состојба

(Видео) Чешки пратеници се степаа додека расправаа за кризната состојба

пред 3 години

Тежок инцидент се случи вчера во Парламентот во Чешка, откако неколку пратеници се степаа додека расправаа за кризната состојба. Проблемите почнаа кога независните пратеници Маријан Бојко и Лубомир Волни демонстративно се појавија на денешната седница без заштитни маски.

Прво збореше Бојко, кој од претседавачот на седницата Томаш Ханзел, доби предупредување дека треба да се засрами и да стави маска. По него на говорницата зборуваше Волни, кој посочи дека партијата на Ханзел е корумпирана.

Тепачата настана откако Ханзел побара да му се исклучи микрофонот на Волни, кој стана и продолжи да зборува од неговиот микрофон. Најпрво дојде до турканици, а потоа и до отворена физичка пресметка меѓу пратениците.

На крајот, парламентарното обезбедување го отстрани Волни од салата. Полицијата ќе поднесе прекршочни пријави за двајцата независни пратеници, избрани преку листата на радикалната десничарска партија СДП, поради неносењето заштитни маски, за што им се заканува казна од 400 евра.

Share
Scroll to Top