Иако сум муслиманка фарбам јајца за Велигден, рече пејачка од Босна која наиде на критики од фановите

Иако сум муслиманка фарбам јајца за Велигден, рече пејачка од Босна која наиде на критики од фановите

пред 2 години

Српската пејачка Риалда Карахасановиќ покрена лава на негативни коментари, откако на социјалните мрежи објави дека иако е муслиманка, фарбала јајца за Велики петок и Велигден. Таа сега објасни зошто го прави тоа и рече дека не е изненадена од критиките кај некои луѓе.

„Дека социјалнтие мрежи се пренатрупани со примитивизам, национализам и лажни луѓе, лажни моралисти, лажни верници и слично е општо познато. Да се разбереме, мене тоа ништо не ме изненадување. Непишано правило е секоја година, кога ќе почне Рамазан, да се јават неколкумина кои сакаат со нивниот став да се прикажат како големи верници и дека сè што е надвор од неговото ограничено размислување да го осуди“, рече Риалда.

 r2.jpg - Instagram/queenrialda

„Секогаш сум се плашела од неписмени и примитивни будари кои верувам дека не прочитале од џет сет хрониките во дневните весници, но затоа на социјалните мрежи знаат да бидат доктори, магистери, но на крајот обично испаѓаат идиоти“, дополни Риалда.

 r 1.jpg - Instagram/queenrialda

На крајот таа рече дека е Риалда Карахасановиќ, ќерка на Сабрина и Амир. Пејачката е родена на 12 ноември 1992 година во Сараево и тука живеела 24 години.

„Да муслиманка сум, која помага во подготовката за трпезаријата за Бајрам, секој Божиќ било да е православен или католички. Фарбам јајца, ја украсувам елката, ги посетувам сите верски установи затоа што Господ е еден“, рече Риалда.

 r.jpg


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top