(Фото) Перо Камиказа бил комита

(Фото) Перо Камиказа бил комита

пред 4 години

Петар Георгиевски-Камиказа основачот на легендарната група „Меморија“ се потсети на деновите од младоста. Тој објави фотографија со пуштена коса и брада и се пофали дека добил модерна кошула од Мис Стоун.

„На комитава, Американката „Мис Стон“ му подари модерна кошула“, напиша Перо.

Тој неодамна го прослави 60. роденден и ни кажа дека со фамилијата сите прележале корона.

„Најмногу од сè времето го минав на велосипед и не само што ги извозев сите села, искрено ги научив сите околу Скопје“, ни кажа Петар Георгивски-Камиказа.

За потсетување, Перо е и страстен моторџија (со минати десетици илјади километри од Норвешка до Кападокија) и пасиониран спортист, со медали од младоста, но и сериозен број истрчани маратони во светот, од Скопскиот до најголемиот во Њујорк.

 

 

Share
Scroll to Top