По 45 години се распаѓа група Прљаво казалиште

По 45 години се распаѓа група Прљаво казалиште

пред 2 години

Хрватската рок-група Прљаво казалиште се распадна по 45 години постоење на регионалната музичка сцена, пишува Јутарњи лист. Причината поради која легендарната група се распаѓа  се несогласувањата меѓу основачите – пејачот Јасенко Хоура и тапанарот Тихомир Филеш.

dobivaj vesti na viber

Наводно, тие не се во добри односи и веќе не разговараат, а се спомнуваат и можни тужби. Проблемите настанале кога Хоура почнал да работи на самостојни проекти под името Прљаво казалиште, кои Филеш решил да ги забрани.

Како потсетување, оваа хрватска група настанала во 1977 ходина, под силно влијание на панкот како музички жанр. Првично, тие настапувале во музичкиот состав Цифершлус, во кој свиреле Даворин Боговиќ, Зоран Цветковиќ, Нинослав Храстек и Тихомир Филеш.

Откако им се придружил и Јасенко Хоура, тие го смениле името во Прљаво казалиште, а за името на групата се инспирирале од една епизода од стрипот „Алан Форд“.

Во 1985 година, Младен Бодалец ѝ се придружил на групата и го зазел местото на Даворин Боговиќ.

Share
Scroll to Top