Турскиот претседател ги обвини САД за поддршка на курдските милитанти кои Анкара ги обвини за егзекуција на 13 киднапирани Турци во северен Ирак.
Според Реџеп Таип Ердоган, американската изјава на осуда по тој повод звучела како „шега“, пренесува „Ројтерс“.
Анкара соопшти дека милитантите од Курдистанска работничка партија (ПКК), која е забранета во Турција, погубиле 13 Турци, чии тела биле пронајдени во Ирак за време на турската вооружена операција против членовите на групата.
Вашингтон рече дека ги осудува убиствата доколку се потврдат извештаите дека ПКК е одговорна.
Ердоган им рече на приврзаниците на неговата Партија на правдата и развојот дека ваквата американска изјава покажува дека САД ги поддржуваат ПКК и сириските курдски сили на Единицата за заштита на народот (ЈПГ), што Анкара ги смета за подружница на ПКК, пренесува агенцијата
.