„Пет часа викав на цел глас да ме најде некој во џунглата“: Актерката Ешли Џад имаше незгода во Африка

„Пет часа викав на цел глас да ме најде некој во џунглата“: Актерката Ешли Џад имаше незгода во Африка

пред 4 години

Американската глумица Ешли Џад, која неодамна беше во Конго, за малку ќе ја загубеше едната нога на своето патување. Додека била сама во џунглата, Ешли паднала и ја скршила ногата, а потоа поминале скоро 55 часа додека да стигне на операција. Глумицата сега се чувствува добро, ногата ѝ заздравува, а својата приказна ја раскажа во онлајн интервју за „Њујорк тајмс“.

„Несреќи се случуваат. Пред мене на патот имаше паднато дрво, но не го видов, се сопнав и паднав. Знаев дека ја скршив ногата, почувствував како се крши. Потоа поминаа 55 часа додека да стигнам на операција. Првите пет часа бев сама и викав на цел глас, барав помош. Кога ме најдоа, со мотор ме одведоа до најблиското село каде што ми ја наместија ногата, а јас со рацете го држев скршениот дел да не се откачи. Ноќта ја минав во колиба, а потоа ме одвезоа во главниот град Киншаса со мал авион. Таа останав таму 24 часа и на крајот ме префрлија во Јужна Африка, каде што ме оперираа. Имав среќа и привилегија да ме оперираат. Повеќето луѓе што ги знам во Африка ја немаат таа привилегија да добијат медицинска помош кога им е потребна“, рекла Ешли во интервјуто.

Инаку, Ешли веќе неколку години по ред оди во Африка за да ја зголеми свесноста за сиромаштијата и гладот на овој континент, а се залага и за правата на животните, особено на загрозените видови.