Рејкјавик прогласен за најдобар крајбрежен град на светот

Рејкјавик прогласен за најдобар крајбрежен град на светот

пред 9 месеци

Главниот град на Исланд Рејкјавик е прогласен за најдобриот крајбрежен град во светот. Листата ја направила компанијата за крстарења Fred Olsen Cruise Lines, која направила истражување на 117 крајбрежни градови ширум светот.

Градовите се рангирани според параметри како што се квалитетот на културните атракции, бројот на места на листата на светско наследство на УНЕСКО, популарноста на „Гугл“ и количината на хаштагови на социјалните мрежи, пренесува TimeOut.

По Рејкјавик следи белгискиот град Бриж, кој се најде на листата благодарение на својот канал преку кој се стигнува до морето, и покрај тоа што е оддалечен 11 километри од брегот. На третото место е Неапол познат по големиот број атракции, од Везув и Кралската палата до театарот Сан Карло, а по него е Монако.

Хрватскиот Сплит се најде на петтото место, а зад него се Херцег Нови од Црна Гора, Амстердам од Холандија, Кејптаун од Јужна Африка, Даблин од Ирска и Гибралтар од Гибралтар.

Целта на истражувањето била да се пронајдат градови кои не се целосно изолирани и во кои има доволно содржини, а во нив да можете да одморите и да сте во близина на море.

Share
Scroll to Top