Хорнер: Знаеме дека Мерцедес ќе се обидат да го добијат Ферстапен

Хорнер: Знаеме дека Мерцедес ќе се обидат да го добијат Ферстапен

пред 4 години

Шефот на Ред бул рејсинг, Кристијан Хорнер смета дека шампионите Мерцедес ќе тргнат по нивниот возач, Холанѓанецот Макс Ферстапен како замена за Луис Хамилтон.

Седумкратниот светски шампион Хамилтон неодамна се согласи на едногодишно продолжување на договорот со „сребрената стрела“, но германскиот тим сигурно се подготвува за иднината, бидејќи Англичанецот следната година ќе наполни 37 години. 23-годишниот Ферстапен направи репутација на еден од најдобрите млади возачи, и иако има договор со Ред бул во 2023, во неговиот договор има повеќе клаузули поврзани со перформанси и тој би можел да замине на крајот на сезоната. Хорнер го знае тоа.

„Сигурен сум дека ако Луис реши да се пензионира, тогаш Макс ќе биде првиот на листата на Мерцедес. Тука е и Џорџ Расел и други возачи, но мислам дека Макс ќе биде прв. Реалноста е таа, како и секогаш, има клаузули за перформанси во договорот на Макс. Исто така не можете да натерате возач кој не сака да биде со вас да биде брз. Ние имаме фантастични односи со Макс, тој верува во проектот и ги гледа инвестициите кои ги правиме. Мислам дека нема да има потреба за клаузули и дека ќе му дадеме силен болид“, вели Хорнер.

Ред бул неодамна објавија дека ќе ги развиваат сопствените мотори од 2022 по одлуката на Хонда да се повлече и ќе ја преземат операцијата на јапонската компанија.

Share
Scroll to Top