Лева утна пенал, но Баерн избега на +10 во Германија!

Лева утна пенал, но Баерн избега на +10 во Германија!

пред 3 години

Роберт Левандовски не успеа да го повтори претходниот меч против Херта, кога им даде четири гола, откако на гостувањето во Берлин утна пенал, но неговиот тим стигна до 1:0 победа со која пред комплетното 20. коло во Бундеслигата се одвои на 10 поени пред РБ Лајпциг на табелата.

Во снежна атмосфера, Баерн доби шанса за водство уште во 11. минута, кога голманот на Херта, Руне Јарстеин имаше несмасна реакција пред Лирој Сане, а Левандовски доби чест да ја продолжи својата голгетерска серија. Меѓутоа, Јарстеин убаво го прочита Полјакот и му ја фати топката.

Само девет минути подоцна, Кингсли Коман со малку помош на дефанзивците на Херта ги донесе Баварците во водство, кое го заддржаа до крајот на мечот. Баерн сега имаат 48 поени на врвот на табелата пред Лајпциг со 38, додека Херта се само 17-ти со 17 поени, исто колку што има и 18-пласираната Арминија Билефелд.

Share
Scroll to Top