Мурињо го исполни ветувањето – му купи патики од 800 евра на Афена-Гијан

Мурињо го исполни ветувањето – му купи патики од 800 евра на Афена-Гијан

пред 2 години

Рома вчера со 2:0 ја совлада Џенова на гости, благодарение на двата гола на тинејџерот од Гана, Феликс Афена-Гијан, кој ги искористи своите 15 минути игра за да постигне еден фантастичен гол и потоа да ја потврди победата.

По првиот гол, 18-годишниот Афенија-Гијан веднаш истрча до тренерот Жозе Мурињо, кој потоа откри дека головите скапо ќе го чинат.

„Му ветив на Феликс дека ќе му ги купам патиките кои навистина ги сака, кои чинат 800 евра, така што тој истрча да ме потсети. Утре наутро одам на шопинг. Жал ми е за Мистер Даниеле де Роси и неговиот примавера (младински н.з.) тим, но Феликс останува со нас. Сега има деца кои мислат дека знаат се, но Фелиск е скромен и сака да учи“, изјави Мурињо по мечот.

Афена-Гијан му се заблагодари на Португалецот.

„Мурињо има фантастичен карактер, голем менаџер и тренер е. Ти дава мотивација да учиш секој ден. Пресреќен сум што е тука“, изјави младиот фудбалер.

Денеска, Мурињо се пофали дека ја завршил работата и му ги врачи патиките на талентот.

Share
Scroll to Top