ЛШ: Мбапе веднаш му „одговори“ на Меси, на Ливерпул му поништија гол против Лајпциг

ЛШ: Мбапе веднаш му „одговори“ на Меси, на Ливерпул му поништија гол против Лајпциг

пред 4 години

Ре-стартот на Лигата на шампионите, односно првите мечеви од осминафиналето на елитното европско натпреварување, веднаш ни донесоа пресметка на два гиганти Барселона и Пари Сен-Жермен и на две фудбалски ѕвезди – Лионел Меси и Килијан Мбапе, кои постигнаа по еден гол за по првите 45 минути на „Ноу Камп“ да е 1:1. Ливерпул, пак, на гости кај РБ Лајпциг во Будимпешта, има 0:0 на полувремето.

Барса поведе во 28. минута од белата точка, кога Лионел Меси не му даде шанса на Кејлор Навас да ја „види“ топката, но само три минути подоцна, Мбапе, во својот прв меч против Барса, откако доби одлична топка од Марко Верати, постигна убав гол за 1:1, важен гол во гости.

На „Пушкаш арената“ пак, првите 45 минути донесоа повеќе шанси на двете страни, иако Ливерпул ја имаше иницијативата, a во 36. минута Садио Мане му асистираше на Роберто Фирмино за Бразилецот да постигне гол со глава, но голот беше поништен бидејќи топката беше излезена надвор од теренот пред Сенегалецот да ја врати во игра. Претходно, Дани Олмо ја стресе пречката за Лајпциг уште во петтата минута од мечот.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/8 ФИНАЛЕ, ПРВ МЕЧ, ПО 45 МИНУТИ

Барселона – Пари Сен-Жермен 1:1

РБ Лајпциг – Ливерпул 0:0

Share
Scroll to Top