ЕУ: Од март до ноември 450.000 смртни случаи повеќе отколку во периодот меѓу 2016 и 2019 година

пред 4 години

Земјите од Европската Унија забележале повеќе од 450.000 смртни случаи во периодот од март до ноември минатата година отколку во истиот период помеѓу 2016 и 2019 година, покажуваат најновите податоци на статистичката агенција „Евростат“.

Експертите користеле месечни податоци од земјите на ЕУ за да споредат повисока смртност во 2020 година со просекот во истиот период од 2016 до 2019 година.

Статистичката агенција Еуростат објави дека податоците даваат општа слика за смртноста под влијание на пандемијата на Ковид-19, бидејќи тие ги вклучуваат сите смртни случаи без оглед на причината.

Тие го донеле проценетиот просек во ЕУ користејќи податоци од сите земји, освен од Ирска, од каде не ги добиле.

Прекумерниот број на смртни случаи достигна врв во ноември, кога беше за 40 проценти повисок од просекот од претходните години.

Тој врв во ноември следуваше по многу понискиот регистриран во април, за време на првиот бран на пандемијата, кога смртните случаи беа околу 25 проценти повисоки од просечните.

Врвот во ноември беше особено смртоносен во Бугарија, Полска и Словенија, каде што зголемувањето беше повеќе од 90%.

Зголемувањето на смртните случаи во Белгија тој месец е скоро 60 проценти, а во Италија и Германија 50 проценти. Во истиот месец, Хрватска забележа 46,3 проценти поголема смртност, покажуваат податоците на „Евростат“.

Share
Scroll to Top