(Видео) Премиерот Заев оставил аманет во семејството, има желба неговите органи да бидат донирани

пред 4 години

Премиерот Зоран Заев се вклучи во кампањата за подигање на свеста за важноста од дарувањето на органи и најави дека оставил аманет на своето семејство неговите органи да бидат донирани.

„Не постои ништо похумано од тоа некому да му го продолжите животот, затоа за ова прашање имам разговарано со најтесниот круг од моето семејство и имам оставено аманет дека сум подготвен лично да придонесам нечиј живот да биде спасен“, вели Заев во видео-порака објавена на социјалните мрежи чија цел е ширење на свеста и едукација за важноста од донирање на органи.

Премиерот посочи дека дарувањето органи е највисок чин на хуманост и изрази голема поддршка и солидарност со оние кои чекаат трансплантација на орган, како и голема благодарност до сите донатори и нивните семејства, кои спасуваат животи на многу благороден начин.

„Сакам уште еднаш да ги повикам сите граѓани да прифатат дека дарувањето органи е највисок чин на човечност и хуманост, да се подигне свеста за многу успешни трансплантации“, вели Заев на крајот од видео-пораката.

Share
Scroll to Top