Во ЕУ повторно доцни испораката на 10 милиони вакцини на „Фајзер“

пред 4 години

На големо разочарување од лидерите на ЕУ, производителот на вакцини „Фајзер“ повторно доцни со испораката на вакцини.

Иако официјалните претставници на ЕУ се надеваа дека испораките ќе се стабилизираат, добиените количините вакцини на „Фајзер“ ќе бидат за една третина помалку од очекуваните.

Уште полошо, доцнат вакцините и од други производители.

Овие доцнења во испораката значително ги забавуваат планираните планови за вакцинација на територијата на ЕУ и го зголемуваат и онака големото незадоволство на земјите членки, од кои некои се свртуваат кон Русија и Кина поради таа причина.

Официјалните претставници на ЕУ повторно мораа да и кажат на јавноста дека испораката на вакцини повторно ќе се одложи.

Share
Scroll to Top