(Од минута во минута) Мариупол целосно уништен, експлозија на крузерот Москва, бегалците се враќаат во Киев

пред 2 години

Специјалната операција на руската армија во Украина денеска влезе во својот 50. ден.

Клучни настани

Кличко: Две третини од бегалците се вратија во Киев

Крузерот Москва е тешко оштетен, екипажот е евакуиран

Мариупол е уништен, само неколку згради останаа недопрени

Русите држеле 300 заложници во подрум еден месец

Од минута во минута:

08.40 Николенко: Разочарувачки е двоумењето на Франција да го признае геноцидот врз Украинците

Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко, изјави дека е разочарувачко двоумењето на Франција да го признае геноцидот врз Украинците, по се што направи руската армија во Буча, Мариупол и други градови.

08.35 Кличко: Две третини од бегалците се вратија во Киев

Две третини од жителите на Киев кои го напуштија градот по почетокот на војната со Русија веќе се вратија во градот, изјави градоначалникот Виталиј Кличко

08.30 Европската вселенска агенција ја прекина соработката со Русија

По одлуката да се прекине заедничката мисија на Марс, Европската вселенска агенција објави дека ја прекинала соработката со Русија за три мисии на Месечината поради инвазијата на Москва на Украина

08.25 Зеленски: Не добивме официјално барање за посета од германскиот претседател

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев не добил официјално барање од Берлин за посета на германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер

08.20 Крузерот Москва е тешко оштетен, екипажот е евакуиран

Руските државни агенции утринава објавија дека рускиот брод Москва е „тешко оштетен“ во експлозија на муниција предизвикана од пожарот.

08.15 Тажни слики од Мариупол: Градот е уништен, само неколку згради останаа недопрени

Мариупол, украинскиот пристанишен град, претрпе најголеми последици за време на руската инвазија на Украина. Градот е уништен, уништени се речиси сите згради

08.10 Гутереш: Сега не е можен прекин на огнот во Украина за хуманитарни цели

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска изјави дека „општ прекин на огнот“ за хуманитарни цели во Украина „сега изгледа невозможен“, иако тоа беше целта што тој неодамна му ја довери на еден од своите емисари испратен во Москва

08.00 Украинско Министерство: Русите држеле 300 заложници во подрум еден месец

Украинското Министерство за одбрана тврди дека Русите заробиле 300 луѓе во селото Јахидни кај Чернихив. Тие велат дека заложниците поминале четири недели во подрумот.

Share
Scroll to Top