(Видео) Обилните дождови предизвикаа поплави на Крит

пред 3 години

Поплави предизвикани од обилните дождови го погодија грчкиот остров Крит, каде беа поплавени стотици домови, уништени се патишта, а водата носеше и автомобили со себе. Во поплавите нема повредени и жртви, јави АП.

Властите соопштија дека најтешка е ситуацијата во областа источно од главниот град Ираклион, каде училиштата се затворени, додека граѓаните се повикуваат да не ги напуштаат своите домови.

Во најпогодените области, некои од локалните жители бараа засолниште на покривите на своите домови, додека поројот носеше автомобили и остатоци од урнатини.Ова е трет пат за помалку од еден месец оваа област да биде погодена од поплави. Метеоролозите предвидуваат дека обилните врнежи од дожд ќе продолжат да паѓаат до четврток.

Share
Scroll to Top