Откриена украинска мина на границата со Бугарија, Турција бара итна средба со Москва и Киев

пред 2 години

Турското Министерство за одбрана денеска соопшти дека е откриена мина во Црното Море во близина на границата со Бугарија.

Претходно турскиот весник „Стар“ објави дека на влезот на Босфорот е забележано движење на предмет налик на мини.

Министерството за одбрана потврди дека утринава е пронајдена мина во близина на градот Игнеада на западниот брег на Црното Море и најави преговори со Москва и Киев за тоа прашање.

Босфорот бил затворен за бродови некое време.

Руската Федерална служба за безбедност претходно соопшти дека украинската армија по почетокот на војната поставила околу 420 пловечки мини на приодите кон пристаништата Одеса, Очаков, Черноморск и Јужни.

Share
Scroll to Top