Во Словенија највисок процент на заразени според бројот на направени тестови

пред 4 години

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 726 нови инфекции со коронавирус на 3.765 тестови, објави словенечката влада, што е досега најголем процент на заразени во однос на бројот на тестирани лица. Инаку, регистриран е помал број на инфекции во споредба со претходниот ден, кога беа забележани рекордни 898 заразени.

Владиниот портпарол за Ковид-19, Јелко Кацин предупреди на „Твитер“ дека тоа не значи дека ширењето на вирусот е забавено бидејќи вчера е направено помало тестирање, а процентот на позитивни случаи во однос на тестираната популација, во споредба со претгодниот ден се зголемил од 16 на дури 19,28 проценти.

Ова е најголем процент на позитивни во однос на бројот на тестирани и значи дека скоро секој петти примерок бил позитивен.

Комплетните податоци за наодите во последните 24 часа, за состојбата во болниците и по региони, словенечката владата ќе ги објави околу 13 часот.

„Во следните недели, ќе доживееме нешто што нашата генерација сè уште не го доживеала и за што никој не можеше да се подготви. За две до три недели, ќе имаме ситуација полна со невозможни препреки“, напиша на „Фејсбук“, Јанез Поклукар, директор на Универзитетскиот клинички центар во Љубљана.

Тој од граѓаните побара разбирање и солидарност во придржувањето кон мерките, за да можат болниците да го издржат притисокот врз здравствениот систем.

Share
Scroll to Top