Ѓоковиќ за повредата со која се бори: Снимам документарен филм

Ѓоковиќ за повредата со која се бори: Снимам документарен филм

пред 4 години

Новак Ѓоковиќ, беше голем фаворит во дуелот со Аслан Карацев и таа улога ја оправда на теренот против најголемата сензација, на Австралија опен.

Бранителот на титула, во три сета, за нешто помалку од два часа игра, избори пласман во деветтото финале на првиот Гренд слем во сезоната.

По мечот, тој откри дека прв пат во изминатите пет дена, не чувствувал болка кога го удирал топчето. Ѓоковиќ се повреди, во третото коло против Тејлор Фриц.

Неговата повреда е тема во Мелбурн, а хејтерите го обвинија дека ја измислил повредата.

По редовите прес-конференции, по дуелот со Карацев, тој разговарал и со српските новинари.

„100 отсто од од мојот ден го посветувам на закрепнување, пет дена минав во процес на рехабилитација! Снимам документарен филм, ќе може тоа да се види на екраните, до крајот на годината, можам да го најавам тоа“, открил Ѓоковиќ.

„Снимам многу работи кои ми се случуваат во овој период. Се ќе имате можност да видите“, ветил најдобриот светски тенисер.

Share
Scroll to Top