Дисменореја, или болка и грчеви што се јавуваат поради менструација, за многу жени е најлошата последица од „тие денови во месецот“.
Дисменорејата е последица на менструацијата, која се јавува кај најголемиот број жени, а голем број од нив приоѓаат на овој феномен на слични начини. Аналгетиците играат голема улога во борбата против овие болки, особено кај оние жени чија болка е неподнослива. Но, истражувањата покажаа дека грејната терапија е многу ефикасна кога станува збор за грчеви во менструацијата. Не требаат специјални уреди за таква терапија, ниту треба да се потроши голема сума пари на неа. Веројатно веќе имаме сè што треба во домот.
Грејач за менструални грчеви
- Чорапи (колку подолги, толку подобро)
- Ориз (несварен, обичен)
- Микробранова печка
- Есенцијално масло за ублажување на болката (нане, рузмарин, лаванда, жалфија)
- Масло за основа (бадемово, кантарионово или ореово масло)
Постапка:
Оризот се витка во чорап и се врзува во јазол. Врзаниот чорап, со ориз, се става во микробранова печка 30 секунди. Есенцијалното масло (или повеќе од нив) се меша со основното масло и се нанесува на долниот дел, на стомакот.Се поставува загреаниот чорап со ориз на стомакот, но најпрво се проверува дали оризот е премногу врел, за да не се создаде контраефект.
Истражувањата покажаа дека грејната терапија помага во намалувањето на болката во менструацијата повеќе од аналгетиците. Но, тоа не значи дека треба да се ставаат шишиња со топла вода и слично на гола кожа. Многу високите температури можат да доведат до поголеми проблеми, но при умерени температури болката се ослободува. Ако се додадат есенцијални масла на ова, ефектот се зголемува. Исто така, експертите препорачуваат внесување витамини, здрави масти (омега-3) и топли бањи и акупунктура.