Судењето за случајот „Тортура“ одложено за 8 март

пред 4 години

Кривичниот суд во Скопје информира дека главната расправа за предметот „Тортура“ ќе се одложи до март. Според судот, нема да се одржи ниту денешната расправа,како и судењето закажано за 26 февруари, а сите наредби и покани ќе бидат отповикани. Мерката се носи бидејќи дел од обвинетите и нивните бранители се опфатени во предметот „Таргет-тврдина“, и кој е во фаза на завршни зборови, а треба да се одржи во исто време.

Следната расправа за „Тортура“ ќе се одржи на 8 март за што веќе се известени странките во постапката, соопшти
Основен кривичен суд Скопје.

Share
Scroll to Top