Многу естрадни уметници од просторите на поранешна Југославија беа силно погодени од смртта на легендарниот југословенски пејач Ѓорѓе Балашевиќ. Меѓу нив беше и пејачката Северина, која со емотивна порака се прости од легендарниот кантавтор.
Северина раскажа анегдота кога Балашевиќ ја поканил една вечер и ја замолил да биде негов специјален гостин на концерт во Нови Сад.
Ова е нашата прва средба во 2001 година во Нови Сад. Се сретнавме случајно во пицерија. Го прашав што јаде за да пишува такви стихови. Tој се насмеа. А потоа една вечер ми се јави и ми рече дека никогаш немал гостин на концерт и дека тој би сакал да бидам гостин на неговиот концерт во Нови Сад, како изненаден гостин.
Чувствував како да сум поминала сè на колеџ (на мајка ми наместо матурската слика и го приложувам ова). Како деканот да ме повика да бидам со него на сцената, како некој најдобар студент – напиша Северина и продолжи: – Помислив, добро, тоа е како Спрингстин да ми се јавија да настапувам со нив… Исто беше за мене.
На концертот ме најави вака: „Мојот син, ми вели ‘тато, сè е во ред, но би сакал да ја донесеш Северина на концертот’. Луѓето од публиката се смееја и помислија дека раскажува шега. И тогаш тој рече: ‘Каков татко би бил, ако не ги исполнам сите твои желби. Сине, еве ја Северина’. Ги пеев „Вирујен у те“ и „Ја само пјевам“ и после останавме во контакт. Ти беше врвот, таа цреша на врвот на тортата, јас бев „Провинцијалка“ и „Девојка со чардаш нозе“. Сите жени чекаа баш таков, од тие песни. И ти беше таков. Не знам како да се збогувам. Замина стражарот на длабокото значење. Те сака твојата Марија“, напиша Северина.

За потсетување, Балашевиќ почина вчера на 68 години од коронавирус.






