Еден гол за 90 минути, доволен за три поени од дербито на дното.
Елче на домашен терен со 1-0 го победи Еибар, па сега тимовите се изедначени со по 21 бод на позиција која е во опасната зеона која носи преселба во понизок ранг.
Иако гостите имаа повеќе удари кон противничкиот гол, доминираа и во поседот на топката, сепак еден момент беше доволен за одлука.
Се играше 33 минута кога Дани Калво со глава погоди на асистенција на Бараган.
Елче има меч помалку од конкурентите за опстанок Валјадолид и Уеска, а дури два помалку од денешниот ривал.
Сепак, за 4 дена им следува гостување на „Ноу Камп“ кај Барселона.