Корона во Торино, двајца фудбалери се позитивни

Корона во Торино, двајца фудбалери се позитивни

пред 3 години

Калчолигашот Торино со проблеми пред утрешното гостување кај Калјари во рамки на Серија А – двајца фудбалери се позитивни на коронавирусот.

„Двајца играчи се позитивни на коронавирусот. Во договор со здравствените власти двајцата се во карантин, под надзор на медицински лица“ се наведува во соопштението на клубот.

Не се споменуваат имињата на двајцата заразени фудбалери.

На табелата Торино има 17 бода и е на 17-тата позиција со само 2 бода повеќе од Калјари кој е во зоната за испаѓање во понизок ранг.

Share
Scroll to Top