Екипата на Фулам го доби дербито на дното во Премиерлигата, со 1-0 славеше во Лондон против „фенерџијата“ Шефилд Јунајтед.
Голот вреден многу важни три бода го постигна Локман во 61 минута.
Домашната екипа доминираше во текот на сите 90 минути, на „Кревин котич“ Фулам упати 15 наспроти само четирите удари на гостите.
Шефилд е закован на дното со само 11 поени по 25 кола, а Фулам со денешните 3 собра 22, и е во моментов само на -3 од безбедна позиција.