Неколку стотици граѓани се собраа вечерва пред платото на Универзалната сала во Скопје за да му оддадат почит на легендарниот пејач и кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, кој вчера почина од корона.
Многу емоции и солзи и покрај дождот што врнеше цела вечер. Се пееја најубавите хитови на Балашевиќ додека на видео-бим одеа снимки и фотографии од велендарниот пејач. Граѓаните палеа свеќи, се запишуваа во книгата на жалост. Имаше и такви што носеа морнарски капи, во стилот на панонскиот морнар, како што Балашевиќ се нарекуваше себеси.
Ѓорѓе Балашевиќ почина вчера во болница во Белград на 67 години од корона. По неговата смрт, синоќа и денеска во повеќе градови низ поранешна бивша Југославија, луѓето се собираат на плоштадите, палат свеќи и пеат песни во негова чест. Во Србија денот на неговиот погреб ќе биде прогласен за ден на жалост.
Фото: Град Скопје