Болоња со играч помалку зема бод од Реџо Емилија

Болоња со играч помалку зема бод од Реџо Емилија

пред 4 години

Во последниот саботен дуел од 23. коло во Серија А Сасуоло и Болоња ремизираа 1-1.

Иако гостите предводени од Синиша Михајловиќ имаа рано водство на мечот со голот на Сориано во 17 минута, сепак оневозможени беа да атакуваат на целиот плен затоа што од 30 минута останаа со човек помалку на теренот. „Поцрвене“ Арон Хикеј, по ВАР асистенција беше сигнализиран неговиот груб прекршок.

Оттогаш домашните добија „ветер в грб“, па до крајот на мечот упатија 10-тина удари кон голот на Скорупски наспроти само ударот на Сориано од воведот на мечот. Вкупниот број удари кон головите беше 29-3 во корист на домашните.

Капуто беше стрелецот за Сасуоло кој го донесе бодот за својот тим.

По ова коло Сасуоло останува на осмата позиција со 35 поени, додека Болоња е 12-та со – 10 поени од денешниот противник.

Share
Scroll to Top